Лажна e вестa дека гори шумата околу манастирот Матејче, пожарот е во атар на селото Виштица

05.04.2024 15:39 | KumanovoNews

„Не e точно дека гори шумата околу манастирот Матејче, како што беше објавено на социјалните мрежи, пожарот е во атарот на селото Виштица и е далеку од манастирскиот комплекс“, изјави командирот на противпожарната единица во Куманово, Деан Илиевски.

Лажна e вестa дека гори шумата околу манастирот Матејче, пожарот е во атар на селото Виштица Фото: Мери Николић

Пожарот е од вчера, Територијалната противпожарна единица Куманово интервенирала синоќа до 22 часот, а сабајлево пожарот е повторно активиран. Најверојатно, човечки фактор е причина за избувнување на пожарот.

„Гори сува трева и деградирана, ниска шума. Интервенира едно противпожарно возило и екипа од 3 пожарникари од страна на Виштица, додека од другата страна работат екипи на Шумско стопанство. Ставен е под контрола, очекуваме дека набргу ќе биде целосно изгаснат“, појасни Илиевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk