Лажна вест е дека сум во приватна клиника затоа што ми влошила здравствената состојба, објави Спасовски

14.11.2020 21:11 | KumanovoNews

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, демантира дека бил хоспитализиран во приватна клиника, откако одредени портали објавија дека му се влошила здравствената состојба.

Лажна вест е дека сум во приватна клиника затоа што ми влошила здравствената состојба, објави Спасовски

 - Драги пријатели, дел од порталите шират лажна вест за мојата здравствена состојба и мое наводно хоспитализирање вчера во приватна клиника. Сакам да ве известам дека се чувствувам добро и по престојот во Инфективната клиника во Скопје од понеделникот сум во својот дом во Куманово. Значи, ова е уште една лажна вест. Бескрајно сум им благодарен на нашите здравствени работници кои ми помогнаа мене, а им помагаат и на илјадници други наши сограѓани за да се справиме со коронавирусот. Тие се нашите херои и навистина е несфатливо како некој во вакво време се обидува да ги девалвира, - напиша Спасовски на Фејсбук.

Тој се заблагодари на сите вас кои постојано му пишувале и изразиле поддршка и најави дека наскоро ќе им се врати на работните обврски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk