Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Лажна е веста дека основните и средните училишта во земјава ќе продолжат со работа од 18 мај.
Министерството за образование и наука(МОН) ја демантира информацијата која денес е објавена во дел од медиумите за наводно усвоена Уредба од страна на Владата со која основните и средните училишта во Република Северна Македонија продолжуваат со работа од 18 мај 2020 година.
„Информираме дека се работи за лажна информација и документ кој воопшто не е подготвен од страна на МОН и усвоен од Владата. Оваа тема не била предмет на дискусија на владините седници во изминатите денови. За сите одлуки кои институциите на системот координирано ги носат за време на вонредната состојба, јавноста е секогаш навремено информирана од страна на службите задолжени за односи со јавност“, - соопштуваат од МОН.
Од таму апелираат да не се креираат и шират лажни вести, бидејќи тоа не оди во прилог на заедничката заложба за справување со актуелната состојба и создава дополнителна вознемиреност кај граѓаните во овој исклучително тежок период за сите нас.
Сите воспитно-образовни институции се затворени од 10 март со одлука на Владата, како превентивна мерка за заштита од ширење на коронавирусот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk