Лажни наградни игри на социјалните мрежи, граѓаните да не наседнуваат

21.03.2020 15:31 | KumanovoNews

На социјалната мрежа Facebook забележани се групи кои претставувајќи се како официјални групи на правни субјекти и државни институции во нашата земја организираат разни наградни игри и ги доведуваат во заблуда граѓаните, алармира МВР.

Лажни наградни игри на социјалните мрежи, граѓаните да не наседнуваат

 - Од граѓаните бараат да ги споделат нивните лични податоци и документи (лична карта, пасош), како и нивните податоци од платежни картички,  а со единствена цел искористување на нивните лични податоци за понатамошни криминални активности. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на измами од ваков тип и да не ги споделуваат нивните лични податоци, а МВР презема активности во склоп на своите надлежности, - соопштуваат од МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk