Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција најостро ги демантира гласините што се шират помеѓу граѓаните на Општина Куманово за наводни киднапирања, односно обиди за киднапирања на малолетници.
Ве известуваме дека станува збор за дезинформации, кои имаат за цел да предизвикаат страв и паника кај граѓаните на Куманово. Во СВР Куманово изминатиов период не е регистрирана ниту една пријава за таков настан, а притоа напоменуваме дека полициските службеници секојдневно вршат физичко обезбедување пред училиштата, редовно се реализираат превентивни активности помеѓу основците и средношколците, со цел одржување на јавниот ред и мир, препознавање на социо-девијантните појави, спречување на болестите на зависност и превенирање на насилството, со посебен акцент на меѓуврсничкото насилство“, соопштуваат од полицијата.
Од СВР Куманово апелираат до граѓаните да останат смирени и да не придонесуваат во ширење паника која може да наштети на сите нас, а особено на најмладите.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk