Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Лажни се дојавите за поставни бомби во 8 основни и средни училишта во Куманово , кои пристигнаа денеска на службените мејлови.
„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје и Куманово по добиените пораки на електронските адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопштуваат во МВР.
Заканувачките пораки пристигнале по електронската пошта на службените мејлови на училиштата за време на големиот одмор во втората смена, по што учениците безбедно се евауирани.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk