Лажни се пријавите за подметнати бомби во училиштата, информира Кумановската полиција

15.12.2022 15:18 | Сузана Николиќ

Пријавите за поставени бомби во основните и средни училишта во Куманово се лажни, утврдила проверката на специјалните тимови на МВР, соопштува полицијата.

Лажни се пријавите за подметнати бомби во училиштата, информира Кумановската полиција

„Направени се сите потребни проверки во осум основни училишта и еден клон, како и едно средно училиште во Куманово во врска со закани за поставени експлозивни направи и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, стои во соопштението на СВР Куманово. 

Оттаму додаваат дека веднаш по добиените пријави од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и по извршени проверки утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Утринава околу 9 часот пријави по електорнска пошта за поставени бомби стигнале во основните училишта „11 Октомври“, „Бајрам Шабани“, „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“, „Браќа Рибар“, „Јероним Дерада“, „Карпош“ – Умин Дол, „Кирил и Методиј“, „Кочо Рацин“ и гимназијата „Гоце Делчев“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk