Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од ЛДП ги повикаа граѓаните во недела да гласаат за Стево Пендаровски со заокружување на бројот 3 и да изберат претседател кој гордо ќе ја претставува Македонија.
Со заокружување на бројот 3 покрај името на Стево Пендаровски имаме неверојатна шанса да гласаме за граѓанска и надпартиска опција за претседател. Погледнете го само делот на надворешната политика. Бил Клинтон како претседател на САД беше пречекан од неговиот колега Глигоров, тука во Скопје. Претседателот Трајковски неколку пати се сретнуваше со Буш помладиот, а најголем дострел во надворешната политика на Иванов е што му намигнал на Обама. Во делот на внатрешната политика нема што многу и да се каже бидејќи најголемиот дел од мандатот човекот си го преспа во вилата на Водно, вели Филип Јаневиќ, кандидат за пратеник.
Од ЛДП потенцираа дека е многу важно кој ќе биде на чело на државата и дека на земјата и е потребен претседател со визионерски ставови.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk