ЛДП: Да се постават најмалку две мерни станици за воздух

09.12.2014 12:53 | KumanovoNews

Од општинската организација на ЛДП Куманово, бараат Министерството за животна средина во најкус можен рок да постави најмалку две мерни станици за воздух во Куманово.

ЛДП: Да се постават најмалку две мерни станици за воздух

За истото од ЛДП алармираа пред два месеци, но надлежните молчат, а мерната станица во кругот на болницата не е поправена. Од партијата велат дека не е во ред за најголемата општина во Македонија, да нема податоци дали и колку е загаден воздухот.

“Летово, Светска банка излезе со поразителни податоци, дека воздухот во Македонија е меѓу најзагадените во Европа, како и тоа дека загадувањето со години е над европските стандарди. Македонија е на прво место на листата на банката, кога станува збор за изложеност на граѓаните на загаденост на воздухот со цврсти честички. Додека, земјата се наоѓа на петтото место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух, односно ПМ10 честичките. Според Светска банка, цврстите честички се одговорни за повеќе од 1350 смртни случаи годишно. Праксата од другите градови покажува дека во зимскиот период интензитетот на загадување на воздухот е уште поголем„ - рече Филип Јаневиќ, портпарол на ЛДП Куманово.

Јаневиќ вели дека Куманово има над 30.000 возила, а повеќето граѓани се грејат на дрва што дополнително го загадува воздухот и затоа треба да се има увид во загаденоста на воздухот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk