ЛДП ги повика граѓаните да го подржат референдумот

26.09.2018 15:18 | KumanovoNews

Имаме граѓанска одговорност да донесеме правилна одлука, да излеземе и со нашиот глас да придонесеме кон заедничка и подобра иднина, порача претседателот на општинската организација на ЛДП Куманово Ивица Костовски, повикувајќи ги граѓаните да дадат подршка на  престојниот референдум.

ЛДП ги повика граѓаните да го подржат референдумот

- Сплотени, со здружени сили, заедно можеме да ја обезбедиме иднината на нашите деца. Одлуката зависи исклучиво од нас самите, одговорноста е наша. Без разлика дали сме ЗА или ПРОТИВ, одговорност е да се гласа на референдумот. Ова е вистинската шанса за Македонија. Сега е време за одлука! Македонија помина низ многу крстопати и во клучните моменти, секогаш избираше иднина. Денес сме горди на Илинден, на АСНОМ и на Референдумот од 1991 година, како најважни историски моменти од борбата за нашата независност и државност. Избравме самостојност, мир и стабилност. Избравме да бидеме дел од демократскиот свет за да создадеме можности за подобар живот за нашите деца. Како резултат на тоа, денес имаме горди граѓани и држава која е на вистинскиот пат,- изјави Костовски.

Тој ги повика граѓаните во името на Либерално демократската партија на 30. септември да ја потврдат нивната одлучност да станат дел од европското семејство,  да излезат и да гласаат за европска Македонија, бидејќи иднината е сигурна, а неизвесноста е минато.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk