ЛДП го прослави 18-от роденден

18.04.2015 11:31 | KumanovoNews

 Либерално-демократската партија синоќа во Куманово одбележа 18 години постоење и успешно делување на политичката сцена во Македонија.

ЛДП го прослави 18-от роденден

По тој повод на петнаесет ветерани им беа доделени благодарници и медали за нивниот придонес за партијата.

Беа доделени 15 награди и една постхумна плакета на Трајан Петровски - Жмара, кој е еден од основачите на ЛДП. Тој имаше членска карта 001. Сигурно дека уште има заслужни. Ова ќе прерасне во традиција, па и јас некоја година ќе добијам“- вели Зоран Павловски, претседател на општинската организација на ЛДП Куманово.

Лидерот на партијата, Горан Милевски објасни дека кумановската општинска организација е една од најбројните во државата.

“Секогаш може повеќе и подобро, затоа имаме и промени на централно ниво. Се надевам тој бран на подмладување на организациите ќе се зафати и во Куманово  и едноставно ќе ја подобриме нивната работа, бидејќи секој човек се стреми да биде успешен“ - кажа Милевски.

Во чест на роденденот, членовите на ЛДП заедно со вработени од јавното претпријатије “Чистота и зеленило“ засадија 200 садници од населба Карпош до влезот на Куманово. Претходно цела недела активисти на ЛДП организираа различни активности во градот,  за прослава на роденденот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk