ЛДП го прослави 21 роденден

19.04.2018 09:32 | KumanovoNews

Либерално-демократската партија, општинска организација Куманово, синоќа во партиските простории го прослави 21 роденден.

ЛДП го прослави 21 роденден

 Во присуство на голем број на членови, сипмпатизери и гости, беше пресечена и роденденска торта.

„ЛДП во изминатите години успеја да опстане во овие турбулентни политички времиња, да го задржи своето членство и да привлече нови членови. Тоа беше и главната поента на раководставото на ЛДП. И понатаму ќе работиме на зацврстување на партијата, ќе продолжиме со формирање на нови месни одбори, со привлекување на нови членови“, - изјави претседателот на ЛДП Куманово, Ивица Костовски.

Тој најавува дека и во наредниот период ќе работат на омасовување на општинската организација и ќе ја промовираат чесноста на нивните функционери за да го вратат сјајот на ЛДП кога имале по неколку советник и пратеника, но и ќе се борат за поголемо место на политичката сцена на централно и локално ниво.

„Се надевам дека во најскоро време СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе сфатат дека треба да донесат нов законот каде што Република Македонија ќе биде една изборна единица  и каде малите политички партии ќе имаат рамноправен терен за борба, и рамноправно ќе настапуваат на политичката сцена без цензус, за да можеме самостојно да настапуваме на изборите“, - додава Костовски.

Роденденските активности ЛДП ќе ги заврши со крводарителска акција во петок од 10 до 13 во Заводот за трансфузиологија во Општата болница Куманово. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk