ЛДП: Граѓаните да сe подготват за новите поскапувања

02.07.2014 11:44 | KumanovoNews

Од Либерално - демократската партија денеска на прес - конференција им порачаа на граѓаните да се подготват за новите поскапувања кои следат по зголемувањето на цената на струјата.

ЛДП: Граѓаните да сe подготват за новите поскапувања

Власта ја прашуваат дали и ова е реформа која не е ветена, а е остварена и ќе влезе во отчетот на ВМРО - ДПМНЕ.

  - Не поминаа ниту 2 месеци од формирање на новата Влада и сите добро се сеќаваме дека апсолутно никаде во предизборната кампања на ДПМНЕ не беше наведено дека граѓаните ќе доживеат ваков ценовен шок веднаш по формирањето на новата Влада. Напротив се ветуваше убав и лагоден живот за сите граѓани на Македонија. Наполно сме свесни дека оваа Влада е континуиет на претходната и ова е резултатот од 8 годишното владеење на ДПМНЕ во државата. Годишното производство на електрична енергија е намалено, увозот на електрична енергија е зголемен, нови енергетски капацитети не се градат, но затоа се трошат милони евра на барокни фасади за зградите на ЕЛЕМ и МЕПСО - изјави Филип Јаневиќ, портпарол на ЛДП Куманово.

Од ЛДП велат дека заради расипничката политика на власта сметката ќе ја плаќаат граѓаните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk