ЛДП:Кумановци дишат енормно загаден воздух

29.11.2016 13:19 | KumanovoNews

Од ЛДП денеска посочија дека резултатите од мерната станица покажаа дека загадувањето на воздухот во Куманово е алармантно, особено во вечерните часови.

ЛДП:Кумановци дишат енормно загаден воздух

„Она што посебно загрижува е огромното надминување на дозволената количина на ПМ 10 честичките во воздухот кои што се најопсани за здравјето на луѓето и истите се канцерогени. Веќе подолго од една недела воздухот во Куманово, посебно во вечерните часови е изложен на висока концетрација од ПМ 10 честичките. Се покажаа реални стравувањата на ЛДП дека Куманово не е имуно на општото загадување на воздухот во Македонија. Ова се мерењата кои покажуваат енормна загаденост на воздухот посебно во иминатите 15 тина дена, - изјави Филип Јаневиќ, портпарол на ЛДП.

Според Јаневиќ, на загадувањето во Куманово најмногу влијае користењето на дрвја и други одпадни и токсични материјали како средство за загревање во голем број на домаќинства што ја покажува лошата економска состојба на кумановските семејства.

-Податоците на Светска банка укажуваат дека во Македонија годишно умираат 1400 луѓе како последица на загадениот воздух, а Македонија е еден од најзагадените земји во Европа. Она што е важно да се изведе како заклучок е тоа дека ни се потребни системски и долгорочни решенија за справување со ваков еколошки проблем кој силно влијае на квалитетот на животот во една урбана средина, - додаде портпаролот.

 Тој најави дека ЛДП како дел од идната влада ќе превземе низа системски мерки за подобрување на амбиеталниот воздух. Дел од емрките се: формирање на еколошки фонд, систематско справување со отпадот, квалитетна животна средина, прекинување на нехуманата градба, отварање на нови т.н зелени работни места, прочистување на воздухот и др.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk