ЛДП наполни 15 години

21.04.2012 15:47 | KumanovoNews

 Членовите на ЛДП, денеска во Куманово го прославија 15-тиот роденден на партијата.

ЛДП наполни 15 години

 На прославата во кафулето на Градскиот кеј присутните ги поздрави претседателот на општинската организација Зоран Павловски, а потоа им се обрати лидерот Андреј Жерновски.

15 години сме присутни на политичката сцена во Македонија, а ако на тоа го додадеме и предходното искуство во Либералната партија, тогаш тоа значи дека сме присутни од самиот почеток на плурализмот во државата. Такви партии се само три. Поради тоа имаме обврска и понатаму да бидеме конструктивни, силни и претставителни како досега, и да оставаме белег како во изминатите години. Овој јубилеј го одбележуваме во период кога Македонија е исправена пред голем предизвик на политички план, голема криза на економски, меѓуетнички и безбедносен план-рече Жерновски.

    Тој потсети дека партијата е надвор од Собранието, но посака идниот роденденот да го прослават како власт во Општина Куманово, а потоа како власт во Република Македонија, затоа што таму им е местото.

На прославата на роденденот во Куманово присуствуваше целото раководство на партијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk