ЛДП одбележа 16 години постоење

20.05.2013 11:17 | KumanovoNews

 Членови на ЛДП викендов одбележаа 16 години од постоење на партијата во присуство на претседателот Андреј Жерновски, градоначалникот Зоран Дамјановски и коалиционите партнери од Сојузот за иднината.

ЛДП одбележа 16 години постоење

Во наредниот период ќе настојуваме да се направи скејт парк за младите на Кеј, а мора мора да се најде решение за проблемот со гробиштата во Ајдучка Чешма.  Зачувување на  фасадите на “Ленинова“ и во централното градско јадро и уште некои поситни проекти - изјави Зоран Павловски, претседател на ОО на ЛДП Куманово.

На прославата 22 граѓани добија членски книшки со што официјално пристапија во партијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk