ЛДП отвори изборен штаб

28.04.2011 12:34 | KumanovoNews

 Општинската организација на ЛДП синоќа во населбата „Перо Чичо„ го отвори првиот изборен штаб.На отварањето присуствуваше лидерот на партијата Јован Манасиевски и генералниот секретар Дуфе Куковски, со најблиските соработници, во присуство на поголем број членови и симпатизери на ЛДП.

ЛДП отвори изборен штаб

Во рамките на редовните предизборни активности вечерва го отвараме првиот штаб од неколкуте планирани во Куманово. Отварањето на овој штаб, токму овде ни е од особено значење и поради приближување на ставовите на ЛДП кон населението на оваа населба-рече претседателот на ОО на ЛДП Драган Јаневиќ.

Претседателот Манасиевски истакна дека за ЛДП овие избори се многу важни, бидејќи ЛДП ќе води позитивна кампања и ќе ги истакне проектите и решенијата за многу проблеми во државата кои се забележани во Изборна програма. ЛДП на овие избори оекува да биде најпријатното изненадување со освојување на најмалку 10 пратеника. Еден од нив треба да биде од Куманово, а се претпоставува дека тоа е претседателот Јаневиќ, кој ќе се најде на добитно место на листата во изборна единица два.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk