Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Либерално-демократската парија денеска слави 17 години постоење и успешна работа.
По тој повод општинската организација ќе организира низа активности, меѓу кои и традиционална крводарителска акција во четврток.
Сакам да ве информирам дека во четврток во просториите на Црвен Крст почнувајќи од 9 до 12 часот ќе се оддржи крводарителска акција во организација на ЛДП. Ова особено го истакнуваме бидејќи ЛДП прва во Општина Куманово почна со ваков тип на активности. Ова е 14 година по ред како ја организираме крводарителската акција. Свои активности ќе има Форумот на жени, бидејќи овојпат роденденот се совпаѓа со големиот христијански празник Велигден. Имаат активности како што се делење на велигденски јајца на самиот плоштад, посета на хуманитарни организации итн - изјави Драган Митевски од ЛДП Куманово.
Во врска со резултатите од првиот круг од претседателските избори, од ЛДП сматаат дека ВМРО - ДПМНЕ има дисциплинирано гласачко тело, но се надеваат дека граѓаните се “будат“ и дека ќе ја сменат актуелната власт.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk