ЛДП слави 20 години постоење на политичката сцена

12.04.2017 14:47 | KumanovoNews

Општинската организација на Либерално-демократската партија Куманово слави 20 години од своето формирање.

ЛДП слави 20 години постоење на политичката сцена

По повод големиот јубилеј, дваесет годишното опстојување на политичката сцена во Република Македонија, општинската организација на ЛДП ќе го одбележи со низа активности.

    „Во вторник во 11 часот, Форумот на жени на ЛДП ќе подели велигденски јајца и ситни колачи во Дневниот центар за лица со посебни потреби „Порака Наша“ во Куманово,  во среда во 19 часот во партиските простории ќе се одржи свечена седница на Општинскиот одбор на ЛДП, при што на истакнати членови на партијата ќе им бидат доделени плакети, а ќе бидат изложени и фотографии на кои се претставени дел од активностите на општинската организација на ЛДП-Куманово во изминатиот 20 годишен период“, - изјави претседателот Ивица Костовски.

Во четврток од 10 до 15 часот во просториите на Одделот за трансфузиологија при Општата болница во Куманово, ЛДП ќе организира крводарителска акција.

„Истовремено, ја користам оваа прилика, во името на Општинската организација на ЛДП, на сите граѓани со христијанска вероисповед да им го честитам претстојниот најголем христијански празник Воскресение Христово – Велигден со традиционалниот христијански поздрав Христос Воскресе, -рече на крајот Костовски на денешната прес-конференција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk