Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Либерално демокартската партија денеска на прес - конференција им се обратија на граѓаните кои не планираат да гласаат во недела и им порачаа дека со неизлегувањето всушност даваат шанса за уште еден мандат на ВМРО - ДПМНЕ.
Портпаролот на партијата, Филип Јаневиќ, потсети дека на крајот на денот се бројат само важечките ливчиња, а оние кои не гласаат ја поддржуваат статус кво состојбата.
Осум години се сосема доволен период да видите дали една политика дава конкретни резултати или не. Токму оваа 2014 година е година кога завршува нивниот најголем проект Скопје 2014. Иако овој проект е синоним на нивното досегашно владеење ако внимателно ја следите нивната кампања ќе забележите дека токму тие овој проект никаде не го споменуваат. Иако истурија неброени милиони токму на овој проект, тие денеска молчат за него. Меѓутоа клучното прашање што се поставува е дали било кој од нас живее подобро заради тој проект, дали и симпатизерите на ДПМНЕ тука од Куманово живеат подобро заради Скопје 2014. Се разбира дека одговорот е не - изјави Јаневиќ.
Корупциските скандали деновиве повеќето медиумите ги премолчуваат и тоа е доказ дека институциите на системот не функционираат, беше кажано на прес - конференцијата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk