Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од општинската организација на ЛДП денеска ги осудиа последните поскапувања на патарината, наведувајќи дека огромен број наши сограѓани заради професионални и лични обврски секојдневно патуваат во главниот град и ќе бидат изложени на дополнителен трошок.
При тоа потсетиа дека ВМРО-ДПМНЕ уште во предизборната програма од 2008 година во делот посветен за патарините најавиле нов систем за наплата и модернизација на патарина, а тоа го повтори и на последните избори.
Денеска се сосема јасни две работи: прво-нема ништо од најавената модернизација и второ, под модернизација, ДПМНЕ подразбира поскапување на патарина. Воопшто нема да не изненади ако ваквото поскапување на патарината, комбинирано со високата цена на бензинот, резултира и со зголемување на патните билети кон Скопје. Апсолутно никаде во предизборната програма на ДПМНЕ не се споменува ваквото поскапување, па очекуваме истото во следниот отчет да влезе во графата "неветено, а остварено". Нашите сограѓани многу добро знаат дека делницата Куманово-Миладиновци и обратно, е во многу лоша состојба и освен ситни крпења на дупки нема посериозна инвестиција, - изјави Филип Јаневиќ, портпарол на ЛДП.
Тој додаде дека во исто време Владата со пари од буџетот, вклучувајќи ги парите на кумановци, ќе гради панорамско тркало во Скопје вредно 15 милони евра.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk