ЛДП започна со подготовките за престојните избори

29.09.2016 09:58 | KumanovoNews

Во просториите на oпштинската организација на Либерално-демократската партија во Куманово завчера се одржа седница на извршниот одбор на партијата.

ЛДП започна со подготовките за престојните избори

На седницата присуствуваа претседателот Горан Милевски, генералниот секретар Дуфе Кукоски и  членови на на извршниот одбор.

„Седницата беше во функција на подготовките за претстојните предвремени парламентарни избори. Ова е прва седница на Извршниот одбор на ЛДП која се одржува надвор од главниот град на државата, а ваквата пракса ќе продолжи и понатаму што секако ќе придонесе за поголемо приближување кон членовите на партијата и кон граѓаните, - стои во соопштението на партијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk