Легализација на дивоградбите до крајот на 2018

29.08.2017 14:34 | KumanovoNews

Барање за легализација на дивоградбите граѓаните ќе можат да достават до крајот на 2018 година.

Легализација на дивоградбите до крајот на 2018

Оние пак кои веќе поднеле вакво барање, а не доставиле елаборат тоа ќе можат да го сторат до јули 2018. Право за легализација имаа сопствениците на објекти кои се изградени до 3 март, 2011. Објектите кои се изградни од тогаш, а немаат добиено одобрение за градба, ќе имаат статус на дивоградби.

Владата на денешната седница донесе одлука за измена и дополување Законот за легализација на бесправно изградени објекти, со кои се продолжувам рокот за легализација на дивоградбите.

 „Досега легализирани се околу 40 отсто од бројот на дивоградби. Затоа, решивме да им излеземе во пресрет на граѓаните и да им дадеме дополнител рок. Се надевам дека политичките партии во Собранието, ќе ги поддржат овие измени“, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски.

Според постојниот Закон, рокот за поднесување барање и елаборат за легализација беше до крајот на оваа година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk