Легализирани 130 дивоградби во Општина Липково

03.04.2014 08:51 | KumanovoNews

Во Општина Липково се легализирани 130 дивоградби, а во процедура се уште 30 од вкупно поднесени 4700 барања.

Легализирани 130 дивоградби во Општина Липково

Жителите ги легализираат куќите и помошните објекти кои се дивоградби. Преку јавните гласила тие се информирани за роковите за легализација. Голем дел од населението има проблеми со земјиштето во однос на нерешени имотно - правни односи и тоа им ја усложнува работата - вели Дије Арифи, раководител на сектор за урбанизам во Општина Липково.

Сите бесправно изградени објекти треба да бидат легализирани до 2016 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk