„Легенде“, „Нокаут„ и Игор Џамбазов ѕвезди на годинешниов „Тамбурашки фестивал“ во Куманово

23.08.2022 14:26 | Сузана Николиќ

На градскиот плоштад во Куманово во петок и сабота ќе се одржи Меѓународниот тамбурашки фестивал - „Куманово“. 

„Легенде“, „Нокаут„ и Игор Џамбазов ѕвезди на годинешниов „Тамбурашки фестивал“ во Куманово

Првата вечер ќе настапат  оркестрите „Симфониум“ од Куманово, „Охридски бисери“ и Петар Нечовски,  градскиот тамбурашки оркестар „Пљевља“ од Црна Гора и групата „Легенде“ од Србија. 

Втората вечер ќе ја отвори тамбурашкиот оркестар „Табиет“ од Свети Николе, а потоа следува тамбурашкиот оркестар „Мајшперк“ од Словенија, а за кра е предвиден настапот на групата „Нокаут“ и Игор Џамбазов.

Тамбурашкиот фестивал се одржува по 18 пат во организација на Фондацијата за култура и спорт, а со поддршка на Општина Куманово.

Концертите се со почеток во 20.30 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk