Лекарите апелираат во ладна вода да не се скока на гладен стомак

18.01.2013 14:44 | KumanovoNews

 Граѓаните, кои утре на Водици, ќе скокаат по светиот крст во базени или реки треба да бидат здрави и да не бидат гладни, советуваат лекарите.

Лекарите апелираат во ладна вода да не се скока на гладен стомак

Задолжително треба да доручкуваат сите кои планираат да се фрлаат по крстот. Во поглед на храната нема ограничувања дали ќе биде лесна храна, важно е да се сити. Да си подготват топли напитоци, топла облека кога ќе излезат да се облечат и да можат некаде да се затоплат било да е тоа автомобил или некоја просторија. Прво за да се адаптираат добро е до коленици да влезат во водата, па дури потоа да скокаат. Пред влегување во вода не препорачуваме да се пијат топли напивки - вели Иван Саздовски, лекар во Брза помош.

Саздовски потенцира дека луѓе со здравствени проблеми не треба да се фрлаат во вода на ниски температури.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk