Лекарите бараат да се почитува белиот мантил

07.11.2016 13:58 | KumanovoNews

 Над 200 лекари од Општата градска болница „8 Септември“, денеска од 13 до 14 часот протестираат пред болницата, пренесува порталот мкд.мк.

Лекарите бараат да се почитува белиот мантил

Лекарите протестираат за да изразат револт од инцидентот кој се случи во петокот кога роднини и пријатели на лице што почина од срцев удар кршеа се пред себе во болницата.

„Ние само бараме да се почитува белиот мантил. Не може секој да им се заканува на лекарите и да ги навредува. Ова станува неиздржливо, од ден на ден е се полошо“ , изјави директорот на болницата Сашо Стојчев.

Инаку пред три дена околу 30 луѓе го демолираа влезот на Градската општа болница „8 септември“ во Скопје, откако од болницата  им соопштиле дека нивниот роднина починал. Човекот бил на 40 годишна возраст и во болницата му вршеле реанимација која траела 40 минути. Групата луѓе заедно со лице од обездувањето кој бил роднина на починатиот, почнале да кршат се околу себе, а потоа го земале починатиот за да не му прават обдукција и си заминале.

извор и фото mkd.mk

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk