Лекарите ќе учат странски јазици

18.11.2013 11:59 | KumanovoNews

 Над 200 вработени во Општа болница Куманово се пријавиле за изучување на англиски и германски јазик, кое го обезбедува државата.

Лекарите ќе учат странски јазици

Списокот со заинтересирани е доставен до Министерството за здравство и многу скоро се очекува да почнат курсевите.

Има голем интерес од персоналот за изучување и на двата јазика. Од министерството чекаме одговор кога ќе почнеме. Ние имаме простории и во болница, може и тука да се држат часови. Министерството за здравство испраќаше лекари на специјализација во Истанбул, Софија, во Нови Сад, се очекува и за Словенија и Германија и затоа е потребно да се знае јазик.  - вели Ариф Латифи, директор на Општа болница Куманово.

Медицинскиот персонал во некои градови од земјава веќе почна со курсеви за изучување на странски јазици.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk