Лекарите смеат да дадат упат без термин само во итни случаи

03.09.2013 11:54 | KumanovoNews

 Само во итни случаи матичните лекари смеат да даваат електронски упат без точeн термин.

Лекарите смеат да дадат упат без термин само во итни случаи

Претседателот на матичните во Куманово, Фатмир Асани вели дека неодамна инспекцијата ги предупредила лекарите дека не смеат да даваат упати без точно утврдено време, во спротивно ќе бидат казнети.

 Инспектори од Министерство за здравство пред десетина дена сакаа да ги казнат лекарите кои давале упати без термин и докторите кои примале упат без термин, но тие се правдаат дека морале да ги примат пациентите. Затоа апелирам до матичните да даваат упат со термин, освен во итен случај кога треба да ја наведат дијагнозата. Има многу лекари кои се жалат и дека пациентите закажуваат во одреден термин и не одат, остануваат празни термини. Таква е културата на нашите пациенти, не ги знаат уште правилата на игра - изјави Асани.

За проектот “мој термин“ вели дека е за поздравување бидејќи целта е да се воведе ред во здравствените установи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk