Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Лекарите советуваат на Водици по крстот да скокаат само здрави и млади луѓе.
За постарите и хронично болни луѓе не се препорачува да скокаат по крстот.
Да скокаат само оние кои се здрави, кои немаат хронични болести, кои не кашлаат, не примаат никакви лекови и терапии. Организаторот треба да обезбеди лекар и лекар да каже кој може, а кој не треба да скока по крстотот. И не треба да се пие алкохол пред скокање во водата, да не дојде до несакани последици - рече Билјана Младеновска, општ лекар.
Се препорачува луѓето кои ќе скокаат по крстот, прво да се намократ малку по телото пред да скокнат, а со себе да носат и топла облека.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk