Лепа Брена, Џенан Лончаревиќ и Некст Тајм ќе пеат за Денот на градот

25.10.2019 06:30 | KumanovoNews

Со богата музичка програма ќе биде одбележан Денот на градот - 11 Ноември и 500 години Куманово.

Лепа Брена, Џенан Лончаревиќ и Некст Тајм ќе пеат за Денот на градот

Според програмата што ја објави Фондацијата за култура и спорт, на Градскиот плоштад во Куманово три вечери ќе настапат повеќе музички имиња.

Во петок (08.11.2019) ќе пеат: АТА, КАСТРО, КИ, Ивона Јовановиќ, Марио Арангеловски,  Мартија Станојковиќ, Мартинијан Кириловски и 2 БОНА.

Во сабота (09.11.2019) ќе настапат Некст Тајм и Џенан Лончаревиќ.

Во недела (10.11.2019), на централната прослава се: Нино Величковски, Маргица Антевска, Сандра Милковска, дувачки оркестар Бојан Ристиќ и Лепа Брена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk