Летен саем на книги во Куманово

11.07.2016 10:10 | KumanovoNews

 Библиотеката „Тане Георгиевски“ во соработка со Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје, организира Летен саем на книгата во нашиот град.

Летен саем на книги во Куманово

Од утре до четврток (12 до 14 јули), пред влезот на Библиотеката кумановци ќе имаат можност да си ги набават насловите од „Антолог“ со специјални летни намалувања и саемски попусти.

    Покрај попустите, на овој саем ќе бидат достапни и летните пакети книги од „Антолог“ со различни „величини“ и цени: S, M, L и XL.

    Летниот саем на книгата во Куманово е одлична можност за жителите на нашиот град да си ги збогатат своите домашни библиотеки, но и да купат книги за плажа или каде и да планираат да го поминат ова лето. Љубовни, историски и семејни романи, трилери, класици, хумор, поезија и широк избор на книги за деца – на саемот ќе бидат понудени наслови за сите генерации и вкусови, - соопштуваат од Библиотеката.

    Работното време на саемот е од 10 до 19 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk