Летен сообраќаен режим за државните патишта

01.07.2015 08:37 | KumanovoNews

Од денеска е на сила времениот режим на сообраќај во летниот период, кој ќе важи до крајот  на август за државните патишта во Република Македонија.

Летен сообраќаен режим за државните патишта

Се забранува движење на камиони чија вкупна маса преминува 15 тони, за време на викендите и за денови при екстремно високи температури, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Измената во временските интервали е следната: петок од 17-22 часот, сабота од 9-18 часот и недела од 9-22 часот. Оваа забрана се однесува за период од 1 јули до 31 август секоја тековна година.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи од понеделник до четврток од 11 до 17 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила, кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk