Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Балканската репортерска истражувачка мрежа (БИРН) организира Летна школа за истражувачко новинарство, која годинава ќе се одржи во босанското гратче Коњиц од 21 до 27 август.
За кандидатите од Македонија се обезбедени три стипендии. Последен ден за пријавување е утре (20 јули).
Можат да се пријават и новинари кои веќе учествувале на Летната школа.
Обучувачи, како и претходните шест години, се искусни новинари и уредници од Ројтерс, Универзитетот Колумбија, Гардијан, Проектот за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP) и други.
Курсот ќе трае пет дена, а во цената од 790 евра е вклученa школарината, сместувањето и сите оброци, како и примерок од учебникот на БИРН, „Под површината: Водич за истражувачките новинари од Балканот“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk