Летово се очекува поголема посетеност на сувенирница Табановце

16.02.2016 10:21 | KumanovoNews

Од Музеј Куманово велат дека засега се задоволни од посетеноста на сувенирницата Табановце, а уште поголема посетеност очекуваат летово кога ќе има и поголема фреквенција на туристи на граничниот премин.

Летово се очекува поголема посетеност на сувенирница Табановце

Од сувенирите најмногу се купуваат магнети, карти, копии од златни аплики, привезоци и филиграни. Покрај нив се нуди голем избор на копии од артефакти, маици, сложувалки, чинии, чаши и друго.

Се надеваме дека ќе се зголеми продажбата на сувенири од Република Македонија и луѓето коишто одат надвор од нашата држава ќе можат да го изнесат и да го промовираат нашето богато културно наследство на Република Македонија. Ние се потрудивме, дел од сувенирите повлековме во Уметничката галерија во Куманово, еден мал дел. Овде фреквенцијата на луѓето е поголема, каде што ќе може да се види со што располагаме на Табановце. Можат да си нарачаат во галерија, а ние ќе им испорачаме она што е нарачано од сувенирницата - вели Анита Цветановска, директорка на Музеј Куманово.

Сувенирницата на Табановце беше отворена во септември, а  две седмици потоа беше отворена и сувенирница на Деве Баир, која исто така е во надлежност на Музеј Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk