Левица бара да се одржуваат спомениците од НОБ

10.05.2018 09:14 | KumanovoNews

Политичката партија Левица е разочарана како властите во Македонија се однесуваат кон културното наследство до Анти-фашистичката борба.

Левица бара да се одржуваат спомениците од НОБ

„Граѓаните на Куманово се сведоци на руинираните споменици, едно безобразно однесување на граѓаните, меѓутоа и на властите кои се должни да ги одржуваат спомениците. Се прашуваме ако секоја година одбележувањето на 9 Мај е на Спомен костурницата, зошто  оваа година е Градскиот плоштад, пред Споменикот на жена борец. Дали тоа е затоа што Спомен костурницата е крајно урнисана, руинирана и грда глетка. Дали властите избегнуваат одговорност, - праша Никола Крстевски од Левица.

За да го актуелизираме ова прашање Левица направи галерија од фотографии од состојбата во која се наоѓаат спомен обележјата на АСНОМ и НОБ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk