Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советникот на Левица во Советот на Општина Куманово, Никола Лазаревски, поднесе иницијатива за донесување oдлука за изработка на физибилити студија за основање на ЈП за производство и продажба на електрична енергија, за да се реши проблемот со кризата со електрична енергија.
Во образложението на иницијативата се вели дека со формирање на ЈП за производство и трговија на електрична енергија се отвара можност Општината да остварува приход од овие дејности, со што за краток период ќе го амортизира финансискиот удар од високата цена на струјата, а на долг план, со добро менаџирање на претпријатието, да остварува и финансиска добивка која би ја инвестирала во подобрување на условите за живот на жителите на Општина Куманово.
„Првична цел на ова ЈП е да изгради фотоволтаични централи на сите поволни локации кои ги стопанисува Општина Куманово (кровови на училишта, градинки, општински згради итн.) и со нив да стопанисува, додека во втора фаза - да инвестира во производствени капацитети за електрична енергија на поволни локации во рамките на територијата на Општина Куманово. Во последната фаза на развој, ова ЈП самостојно би вршело снабдување со електрична енергија на Општината и нејзините институции, како и други потрошувачи. Државното земјиште наместо да биде продадено на приватни лица кои имаат свои бизнис интереси во нашата општина, може да се искористи за поставување на фотоволтаични панели на погодните државни земјишта“, стои во соопштението на локалниот огранок на Левица Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk