Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во големата сала на зградата “Комитет” во Куманово, утре /четврток/ со почеток во 19 часот пред граѓаните ќе се претстави Билјана Ванковска, кандидатката за претседател на Македонија од партијата Левица.
„Ве каниме на голем народен собир, за да порачаме дека го враќаме достоинството на нацијата - и ја враќаме државата во рацете на работничката класа. Свое обраќање ќе имаат кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. Билјана Ванковска, претседателот на Левица проф. д-р Димитар Апасиев и носителот на ИЕ 2 Амар Мециновиќ. Борбата е долга, но на крајот ние ќе победиме“, порачуваат од Левица.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk