Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Партијата Левица дава целосна подршка на стечајните работници во остварување на нивните права.
Во соопштение до медиумите, од Левица истакнуваат дека стечајците од Куманово се еклатантен пример за дехуманизираноста и неправичноста на неолибералниот систем во кој што живееме.
„Стечајците, исто како и мнозинството граѓани, се жртви на криминалната транзиција и “новиот” систем од кој полза имаат само оние кои и ја спроведоа таа транзиција, тоа се олигаристе и старо-новите политички елити. Левица, како партија која суштински и идеолошки се бори за едно поправедно и похумано општество, целосно ги поддржува сите активности на стечајците во нивната борба. Членовите на Левица од секогаш беа дел од нивните протестни собири, дури и пред да се регистрираме како политичка партија, и овој пат застануваме рамо до рамо со нив. Би сакале да им порачаме на сите експлоатирани и угнетени луѓе, не само на стечајците: „Борете се за своите права, правдата нема да дојде сама“, - стои во соопштението на партијата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk