Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Политичката партија Левица ги повикува граѓаните на Куманово во вторник масовно да присуствуваат на Првомајскиот протест во Скопje.
„Состојбата во која што се наоѓа работникот и воопшто животниот стандард во Република Македонија, не ни даваат ниту една причина за славење. Први Мај е денот кога работниците бескомпромисно го кренаа својот глас и се изборија за правата кои по природа им припаѓаат. Денес голем дел од тие права не се почитуваат во Р. Македонија иако се загарантирани со законот. Затоа Левица ве поканува на масовен Првомајски протест во Скопје. На Први Мај со почеток од 11 часот кај "Југодрво". Работници, невработени, хонорарци, стечајци, студенти, осиромашени... приклучете ни се, заедно да се избориме за правата кои неправедно и подмолно се одземени од нас. ПРВИ МАЈ ЖИВЕЕ!, - изјави Сотир Лоловски на прес-конференција.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk