Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Oд локалниот огранок на Левица во Куманово ја обвинија локалната влaст за завеаните и непроодни улици во Куманово.
Тие сметаат дека надлежните само лицитираат со бројки, колку тони сол фрлиле на улиците, додека граѓаните се соочуваат со неверојатни потешкотии низ патната инфраструктура во градот.
„ Улиците се завеани и лизгави, па автомобилите тешко пробиваат низ угорнините, а се поголема е и опасноста во собраќајот. Градскиот превоз не функционира. Локалната власт покажа крајна несериозност во поглед на справување со овој проблем. Во 21-ви век, градот е парализиран од 20 сантиметри снег среде зима, кога најмногу е очекуван. Затоа Левица бара оспособување на ЈП „Чистота и зеленило“ за самостојно одржува на улиците и тротоарите, наместо народните пари да бидат „подарени“ на приватни компании кои не се способни да ја извршат услугата за која се платени. Очигледната неспособност на локалната власт, а и на централната, во справувањето со основните комунални проблеми не остава простор за надеж за решавање на посуштинските проблеми во нашето општество, - соопштуваат од партијата.
Левица, преку своето самостојно учество на локалните избори, ќе се обиде да го промени ваквиот несериозен пристап на институциите. Присуството на Левица, во советот нa Oпштинa Кумaнoвo , ќе ги примора идните локални власти да работат исклучиво во корист на граѓаните на Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk