Либерал-демократите отворија централен штаб

06.05.2011 10:02 | KumanovoNews

  Со мала пригодна свеченост кумановските либерал-демократи синоќа во присуство на седуммината кандидати за пратеници на чело со носителот на изборната листа Ристо Пенов го отворија централниот изборен штаб на Втората изборна единица во Куманово.

Либерал-демократите отворија централен штаб

На отворањето присуствуваа и сите седуммина утврдени кандидати за пратеници на оваа партија од Куманово: Зоран Павловски, втор на листата, Деса Јакимовска осма, Момчило Трајковски единаесетти, Бобан Бојковски петнаесетти, Александар Краљевски шеснаесетти, Лена Филиповиќ осумнаесетта и Драган Јаневиќ дваесетти на листата. Штабот се наоѓа на булеварот ,,Октомвриска револуција„.

    Обраќајки им се на присутните носителот на изборната листа Ристо Пенов рече:

Одиме на овие избори со листа на чесни и вредни кадри, почитувани во своите работни и животни средини, ценети граѓани и професионалци. Одиме со изборна програма во која граѓанинот е во центарот. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која парите на народот ги троши за споменици, или СДСМ планира  гаснење на социјалните пожари, Либерално-демократската партија ќе се залага за типично либерален концепт - парите на народот да останат во џебот на граѓаните кои најдобро знајат како и за што да ги инвестираат. Се залагаме секој граѓанин да стане акционер со распределба на преостанатиот државен капитал и сам да располага со своите акции - рече Ристо Пенов во образлагањето на дел од изборната програма насловена како ИМА ИЗЛЕЗ.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk