Лицата со оштетен слух на одмор со попуст

15.06.2013 13:13 | KumanovoNews

 Граѓаните што имаат проблем со слухот,  ќе можат на летување да заминат во охридскиот хотел “Далјан“ со попуст од 50 отсто.

Лицата со оштетен слух на одмор со попуст

 Попустот го овозможува Сојузот на глуви на Македонија, во чија сопственост е хотелот. Заинтересираните глуви лица можат да се пријавуваат од 1 јули. Стандардно имаме неколку семејства кои секое лето ја користат оваа можност - велат од Здружението на глуви и наглуви Куманово.

Истата поволност важи за сите лица со оштетен слух на ниво на држава.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk