Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членови на Здружението на глуви и наглуви Куманово на 22, 23 и 24 јануари ќе учествуваат на републички шаховски турнир во Струмица.
Овој турнир е традиционален и се одржува секоја година во организација на Сојузот на глуви и наглуви на Македонија.
Ќе учествуваат наши сограѓани кои навистина се добри играчи. Долги години се занимаваат со шах. Вообичаено секој петок во нашите простории лицата со оштетен слух се собираат, се дружат и играат шах. Турнирот е со натпреварувачки карактер и ќе бидат прогласени најдобрите - велат од Здружението на глуви и наглуви Куманово.
На турнирот ќе учествуваат лица со оштетен слух од повеќе македонски градови.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk