Лични карти и пасоши ќе се вадат во поранешниот Дом на АРМ

01.02.2018 12:42 | KumanovoNews

Граѓаните на Куманово наместо во кругот на СВР Куманово, од понеделник  патни исправи ќе вадат во поранешниот Дом на АРМ.

Лични карти и пасоши ќе се вадат во поранешниот Дом на АРМ

Управните служби за издавање на лични карти, пасоши, возачки дозволи,  секторот за странци, секторот за оружје и секторот за прекршоци, се сместени во нови реновирани простории во објект на влезот на Куманово.

„Вие знаете дека ови сектори работеа во многу лоши услови. Сега поранешниот  Дом на АРМ е целосно реконструиран, а со средства од МВР во послените 6 месеци опремен е со сета потребна техничка опрема. На површина од 800 метри квадратни современо уреден простор, во кој граѓаните ќе можат со задоволство да ги завршуваат своите обврски, но и да се зголеми мотивираноста кај вработените,  кои работат токму во овие сектори,- изјави министерот Оливер Спасовски, при денешната посета на Куманово.

Министерот најави дека и во наредниот период ќе продолжи проектот за реновирање на полициските станици и подобрување на условите за работа на полицајците и во 2018 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk