Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младите од ЛДП ја обвинија владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ дека не го испочитувала рокот од 30 дена по изборите за да ги отстрани изборните плакати залепени на јавните објекти во градот.
При тоа нагласуваат дека плакатите се залепени надвор од локациите предвидени за таа намена и со тоа го наградуваат градот.
- Сакаме да потсетиме дека ДПМНЕ заедно со своите коалициски партнери и уште 1-2 партии се единствените политички субјекти кои се одлучија за водење предизборна кампања типична за 90-тите години, со лепење на предизборни плакати насекаде низ градот. Ние како Либерално-Демократска Младина уште во текот на изборната кампања предупредивме дека, иако Општинската изборна комисија и општина Куманово одредија 5 локации во градот каде можат да се лепат плакати за промоција на политичките партии, ВМРО-ДПМНЕ воопшто не ја почитуваше оваа норма. ДПМНЕ лепеше изборни плакати кај ќе стигне, иако јасно беа наведени локациите за таа можност - изјави Давид Цаневски, претседател на ЛиДеМ Куманово.
За лепење плакати на места кои не се за таа намена согласно Законот за комунални дејности следува казна од 200 евра, но досега никој не е опоменат ниту казнет, додаваат од ЛиДеМ.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk