Лидерот на ЛДП во посета на Куманово

04.04.2015 12:09 | KumanovoNews

Горан Милевски, претседателот на ЛДП денеска при посетата на Куманово се сретна со новинари, земјоделци, бизнисмени и партиското раководство на локално ниво.

Лидерот на ЛДП во посета на Куманово

Освен што говореше за актуелната политичка криза, Милевски вети дека во наредниот период ќе бидат поприсутни во медиумите и поактивни на терен.

“Целта ни беше да се запознаеме, да ги видиме состојбите во Куманово, некои наши гледишта за состојбата и ЛДП. Да размениме мислења, да ги чуеме вашите интереси, да одговориме на прашања доколку сте заинтересирани за некоја тема“ - вели Милевски.

Милевски ја пофали општинската организација од Куманово дека е една од поактивните и токму затоа претседателот на ЛДП Куманово, Зоран Павловски е член на извршен одбор, а Филип Јаневиќ стана портпарол на партијата на централно ниво.

“Ова е една неформална средба со новинарите, тоа го практикувавме и порано. Ќе се сретнеме подоцна со Здружение на земјоделци, потоа ќе имаме извршен одбор, посета на една чевларска компанија“ - кажа Зоран Павловски, претседател на општинска организација на ЛДП Куманово.

 На Македонија и требаат промени и реформи во повеќе сфери, рече Милевски. Тој е категоричен дека државата на може да биде Биро за вработување, а од друга страна приватните фирми да бидат санкционирани со огромни казни.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk