Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Лидија Тасевска е нов директор на Економското училиште “Перо Наков“.
Таа е професор по македонски јазик и досега работеше во Гимназијата “Гоце Делчев“. Доаѓа на местото на Момчило Антевски, чиј мандат заврши. Тасевска најавува новини во работењето, пред се аплицирање на странски донации за реновирање на училиштето и популаризирање на текстилно - кожарските струки.
“Како директор ќе се трудам, иако е добар, да ги подобрам имиџот и изгледот на училиштето. За струките кои се помалку атрактивни и нема многу интерес од учениците ќе се обидеме со колегите, кои ги предаваат предметите, да ги истакнеме предностите на овие професии. Знаеме дека Куманово е град со кожарска традиција и овој факт ќе го искористиме за поголема промоција на училиштето. Ќе се обидеме да привлечеме странски донатори, за замена на старите прозорци и подот“ - изјави Тасевска.
Новата директорка вели дека ќе настојуваат да имаат добра соработка со стопанствениците во градот, училиштата и институциите.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk