Лидија Тасевска нова пратеничка од Куманово

30.10.2017 10:54 | KumanovoNews

Лидија Тасевска, директорка во средното училиште „Перо Наков“ е новата пратеничка од Куманово од листата на СДСМ.

Лидија Тасевска нова пратеничка од Куманово

 Тасевска влегува во парламентот откако неколку пратеници се избрани за градоначалници, меѓу кои и Максим Димитриевски, кој стана градоначалник на Куманово.

Тасевска е професорка по македонски јазик, долги години работеше во гимназијата „Гоце Делчев“.

Потпретседателка е на Форумот на жени на СДСМ во Куманово, а на листата за пратеници беше на 10 место.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk