Лифткар гасеничари за три образовни институции во градот

02.12.2019 13:51 | KumanovoNews

 Основните училишта „Браќа Миладиновци“, „Кочо Рацин“ и дневниот центар „Порака Наша“ од Куманово, добија на користење лифткар гасеничари за учениците со посебни потреби.

Лифткар гасеничари за три образовни институции во градот

Проектот „Инклузивна смарт училница“ на основното училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово е финансиран од Швајцарската амбасада, а поддржан од Министерство за локална самоуправа и Североисточен плански регион.

„Ова се мобилни гасеничари, а бидеќи станува збор за регионален проект кој го доби нашето училиште, ќе ги дадеме на училиштата кои имаат потреба. Ние се наоѓаме во стара училишна зграда во која не е предвидено да се изградат лифтови, овие гасеничари ќе им помогнат на учениците за да се искачат на вторниот и третиот кат од училиштето, а и не само на учениците со посебни потреби туку и на повредените ученици“, - изјави Александар Јовановиќ, директорот на ООУ „Крсте Мисирков“ во Куманово.

Денеска, во  „Крсте Мисирков“  се одржа обука за ракување со лифткар или т.н гасеничари, во пресрет на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет- 3 декември.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk